ЗА НАС

www.kompanii.com.mk е динамична веб-платформа која им овозможува на дМСП и МНК да создадат свој профил и да се поврзат со соодветна партнерска компанија. Платформата им овозможува на компаниите да се претстават себеси и да ја постават својата побарувачка и понуда на добра и услуги што ги нудат. Платформата овозможува динамична комуникација, поврзување и синхронизација на и меѓу профилите на компаниите.

Исто така, нудиме широка база на податоци за домашни мали и средни претпријатија и мултинационални компании од Северна Македонија.

Оваа веб платформа е изготвена од страна на Finance Think.
 

Finance Think е независен институт за економски​ истражувања и политики во​ Скопје.​

Во рамки на проектот​ “Надминување на јазовите​ меѓу мултинационалните​ компаниите и домашните МСП​ во земјата”, Институтот​ спроведе истражување со​ странските инвеститори​ во земјата и домашните​ компании, со цел да се​ идентификуваат јазовите и​ потенцијали за соработка, да​ се развиваат активности за​ зајакнување на потенцијалите​ на домашните компании и​ да обезбеди препораки за​ креирање и подобрување на​ политичките мерки.​
 
Ул. Фредерик Шопен 1/2​
1000 Скопје,​
Македонија​

info@financethink.mk